ИСТОРИЈА

Ексима е основана во 1989 година како претпријатие за малопродажба и големопродажба на канцелариски, училишни и сликарски материјали, но и пригодни и професионални подароци.

Истата година Ексима ја отвора својата прва книжарница-галерија за училишни и сликарски материјали, и пригодни подароци, Леонардо.

Успехот на Леонардого поттикна отворањето на втората поголема продавница на Ексима во елитниот Градски Трговски Центар во 1995 година. Оваа елегантна продавница нуди софистициран избор на канцелариски материјали, патна опрема и професионални подароци.

Истата година Ексима ги проширува своите дејности и се конституира во осум организациски единици:

Администрација Комерција Смедководство Малопродажба Големопродажба Производство Услуги и транспорт Угостителство

Во 1997 година Ексима го отвора големиот продажен салон во Градскиот Трговски Центар каде што има можност да го презентира својот голем избор на канцелариски, училишни и сликарски материјали, како и патна опрема.

Ваквиот развој на Ексима овозможи соработка со републичките тела, големите трговски ипроизводни системи, банки, амбасади и странски мисии, фондаци и фирми. Користењето на 11 терминали пак овозможува во секој момент увид во движењето на работата и беспрекорно функционирање на администрацијата. Комерцијалата на Ексима снабдувањето на роба го прави самостојно и најчесто од фабрики за производство на канцелариски и училишни материјали од Италија,Холандија, Германија, Грција, Унгарија, Словенија, Хрватска и др.

Огромниот избор на роба презентирана во сопствените салони на Ексима, сопственото производство на канцелариска и училишна опрема која одговара на специфичните потреби на купувачите, поволните цени и брзиот транспорт на робата до крајните корисници, ја прават Ексима партнер кој секој го посакува, а седумнаесетгодишното искуство на успешно работење тоа го потврдува.

Повеќе од 30 вработени во Ексима се тимски организирани и грижливо посветени да обезбедат ефикасна и квалитетна услуга.

МАЛОПРОДАЖБА И ГОЛЕМОПРОДАЖБА

Ексима има седумнаесетгодишна традиција во малопродажба и големопродажба. Од само неколку стотини артикли на самиот почеток, денес располага со повеќе од 15000. Продавниците се уредени по углед на големите светски системи од овој тип. Тоа се продавници-самопослуги за канцелариски и училишни материјали, патна опрема, како и пригодни и професионални подароци.

Во продавниците на Ексима купувачот треба да посочи што е предмет на неговиот интерес, а службите на Ексима ќе ја издвојат и спакуваат робата и ќе ја достават до посочената дестинација во најбрз можен рок.

Повеќегодишното партнерство со стотина фирми ја потврдува нашата квалитетна соработка.



 

 


Влезете во продавниците на ЕКСИМА и уживајте во изборот на 15000 артикли кои ви ги нуди ЕКСИМА. Само за ваше задоволство, заедно со:.

Почетна Контакт е-продавница Телефон: 02 3 109 009